Александра Наумовска е личен тренер во фитнес центарот на ТЦЦ Гранд Плаза. Мотивирана од потребата за совршено тело и изглед, како и сите здравствени придобивки кои доаѓаат од фитнесот како дисциплина, таа започнала да вежба, а денес може да се пофали со многубројни клиенти кои успешно ги дефинираат своите тела под нејзин надзор.
На „Бродот на среќата“ во пријатна атмосфера разговаравме за нејзиниот начин на работа, личните тренинзи и сите придобивки кои доаѓаат од нив.
1. За сите почетници во фитнесот и сите оние кои досега немале можност да вежбаат со личен тренер за почеток да разјасниме: Што претставува личниот тренинг?
Личниот тренинг е идеална опција за сите оние кои сакаат во секој момент да имаат стручно лице до себе додека тренираат. Личниот тренер е тука за да го прати вашето „фитнес патување“ од почетокот до крајот. Тоа подразбира редовни тренинзи и нивна модификација во склад со напредокот на клиентот, па сѐ до контролно мерење и проверка на остварените резултати.
View this post on Instagram
Секој личен тренер кој е професионалец во својата работа има за задача да ги задоволи посебните потреби и желби на клиентот, без разлика дали станува збор за подобрување на општата состојба на кондиција, намалување на тежина или спроведување на програма со рехабилитациска содржина.
2. Кои се придобивките од вежбањето се личен тренер?
Пред сѐ за да ги почувствува клиентот придобивките од личните тренинзи, јас посветувам особено внимание на своето надоградување во оваа професија. Обуки, стручни усовршувања, флексибилно работно време и прилагодување на специфичните барања се дел од моите обврски кои ми помагаат да бидам успешна.
View this post on Instagram
Како и секој вид на физичка активност, така и личните тренинзи позитивно влијаат врз здравјето, расположението и самодовербата. Јас како личен тренер го прилагодувам интензитетот и видот на тренингот со потребите и целите на клиентот. Особено внимание посветувам на начинот на кој личноста со која вежбам ги изведува вежбите, што е исклучително важно за да се избегнат повреди, а ефектите да бидат што побрзи.
3. За да ја стекнеш довербата на своите клиенти од особено значење е нивната првобитна перцепција за тебе односно твојот физички изглед. Покрај редовното вежбање, колку време посветуваш на нега на своето тело и третманите за убавина?
Токму така. За да промовирате здрав живот преку одржување на физичката кондиција и правилната исхрана, треба да тргнете од себе и да бидете пример за другите. Покрај секојдневните тренинзи јас особено време посветувам и на негата на телото и лицето, препуштајќи ја грижата за себе кај најголемите професионалци во полето на естетската медицина и врвната естетска дерматологија и козметологија- Anti Aging Center by Promoitalia.
View this post on Instagram
Ова е местото каде што одвојувам време само за себе, со целосна доверба кон професионалниот тим на Promoitalia да го направат она што е најдобро за моето тело и лице. Како еден од бренд амбасадорите на Promoitalia можам да кажам дека третманите, современата апаратура и техниките кои може да ги примените во првиот Anti Aging центар во Македонија, нема да ги најдете на ниедно друго место. Поради тоа, на сите љубители на фитнесот, почетници или професионалци особено им препорачувам покрај вежбањето да посетуваат третмани за побрз и поголем ефект.
View this post on Instagram
4. Кога зборувавме последен пат на тема „среќа“ изјави дека среќата може да се пронајде апсолутно во сѐ. Што е она што те прави среќна во моментов?
Се наоѓам во период на промени и клучни одлуки, како на приватен така и на професионален план. По кратката оправдана пауза од работното место, сега сум среќна што ја продолжувам соработката со моите клиенти. Најсреќна сум кога гледам задоволни насмеани лица поради постигнатите резултати, а знам дека јас имам големо влијание врз тоа.
5. Која е твојата препорака за сите оние кои сакаат да почнат да вежбаат?
Одоговорот е едноставен. Доколку имате желба, сакате да бидете полни со самодоверба и да ви се допаѓа она што го гледате на огледало, посетете го фитнес центарот на ТЦЦ Гранд Плаза и сигурна сум дека ќе добиете мотив за да почнете со вежбање. Максимално искористено време за вежбање, правилно изведување на вежбите, динамика и забава е она што е загарантирано на моите часови.
View this post on Instagram