Категории

4 модели на јакни без кои не можеме да ја замислиме оваа сезона есен/зима

Со нив секоја комбинација ќе изгледа модерно и тренди

Изминатите сезони низ модата се провлекуваа таканаречените oversize, односно предимензионираниот крој, и тоа на разни модни парчиња, а иако нималку не му ласка на фигурата, модниот сфет не можете да му одолее на овој тренд.
Оваа година тој се пресели кај јакните и капутите, а еве кои модели на јакни се главен тренд за оваа сезона есен/зима.

Мантил

Класичниот мантил од сезона во сезона станува се поголем хит, а оваа е исклучително популарен и се вбројува помеѓу задолжителните модни парчиња.

Долг волнен капут


Во ладните зимски денови нема подобро чувство од топлина се до глуждовите, а тоа оваа година најдобро ќе ви го овозможи долгиот и предимензиониран волнен капут.

Teddy bear јакна

Овој модел на јакна е хит веќе неколку сезони и не планира да замине од модната сцена, тој иделно се вклопува во лежерните секојдневни стајлинзи.

Краток капут

Во овој случај најдобро е да пронајете модел кој е намерно кроен да изгледа поголемо, овој модел на капут е одличен есенските денови кога температурите не се премногу ниски.

Прегледи:
458
Објавено на:
10.11.2019