Категории

5 лесно достапни летни овошја кои мора да бидат дел од Вашата исхрана

Летото веќе дојде, а тоа, освен по календарот, го приметуваме и по веќе претоплите температури. Освен редовна и задолжителна хидратација на телото преку вода, задолжителни се и неколку летни овошја кои мора да ги консумирате за да останете здрави во овие горештини.

1. Лубеница

Летата се непотполни без ова овошје. Лубеницата е едно од најдобрите освежителни овошја за грицкање во текот на летото. Таа е здрава и евтина. Не само што е одличен извор на вода, туку и на витамините А, Б6 и Ц, и на калиум. Витаминот А го подобрува имунитетот и е добар за очите, витамините Ц и Б6 се исто така одлични за имунитетот, а калиумот го одржува срцето здраво и превенира мускулни грчеви.

2. Јагоди

Јагодите од памтивек се користеле за правење тоници, за средување на проблеми со кожа, избелување на заби и против дигестивни проблеми. Нивната светла боја се должи на флаваноидите и фитонутриентите. Тие се богати со влакна, витамин Ц, манган, фолат и калиум. Кверцетин, најзастапениот флаваноид во јаготките, има антиинфламаторни бенефиции. Проблеми со кожа и срце кои се јавуваат во летото, одлично се регулираат со јагоди.

3. Круши

Крушите се богати со хранливи материи, како и влакна и сорбитол кои заедно одлично му влијаат на дигестивниот систем. Крушите ги регулираат нивоата на крвен притисок, превенирајќи срцеви проблеми. Антоцијанините во крушите, исто така, помагаат против рак на дојка.

4. Грозје

Грозјето има многу антиоксиданти и е богат извор на калиум. Помага против холестерол и високо ниво на шеќер во крвта. Го одржува срцето здраво, добро е за колената и го подобрува здравјето на мозокот. Грозјето, исто така, превенира вирални инфекции и дегенерирање на окото.

5. Киви

Кивите се полни со хранливи материи, како витамини А, Ц и Б6, магнезиум и железо. Јадењето киви го одржува нивото на хемоглобин и алкалната рамнотежа во телото. Кивите помагаат со проблеми со спиење и со иритиран стомак. Одлични се за срцето, кожата, косата и црниот дроб.

 

Прегледи:
668
Објавено на:
30.06.2020