Категории

5 мудри совети кои ќе ви ги каже овој 92 годишен дедо

Еден дедо стар 92 години, кој се држи и изгледа одлично, секое утро во 8 часот бил потполно облечен, со коса модерно наместена и совршено избричен, денес се досели во старачки дом. Неговата 70 годишна жена која неодамна починала го направила ова селење неопходно.

По многу часови стрпливо чекање во холот, удобно се смести кога му рекоа дека собата е подготвена.

Додека се упатуваше кон собата, му ја објаснив како изгледа и што како функционира. „Ми се допаѓа!“ рече со голем ентузијазам за деведесетгодишен старец.

„Господине, сè уште не сте ја виделе собата, почекајте.“

„Тоа нема никаква врска со ова. Среќата е нешто што го одлучувате однапред! Дали ќе ми се допадне собата или не, не зависи од тоа како е распореден мебелот, туку од тоа како јас ќе ги распоредам своите мисли. А јас веќе одлучив да ми се допадне! Тоа е одлуката која ја носам секое утро.“ одоговрил.

„Јас имам избор: можам да го поминам денот во кревет борејќи се со потешкотиите кои ги имам со работите на телово кои не работат или можам да станам и да бидам благодарен за оние кои сепак работат.

Секој ден е подарок и додека очите ми се отворени ќе мислам на новиот ден. Староста е како сметка во банка – го подигнувате она што сте го вложиле, а мој совет е да вложите многу среќа и убави спомени. Јас до ден денес вложувам!“

Еве што научив од овој дедо, кој во душата сè уште беше палаво дете:


1. Ослободете го своето срце од омразата!

2. Ослободете го умот од грижите!

3. Живејте едноставно!

4. Давајте многу повеќе!

5. Очекувајте помалку!

Прегледи:
962
Објавено на:
19.11.2016