Ништо не може да го замени вкусот на сладоледот, но можете барем да му најдете здрава опција. Вкусно, свежо и благо, овој шејк е богат со протеин, калциум и антиоксидани.
Потребни состојки
- 80 грама замрзнати малини
- 140 грама грчки јогурт (или обичен)
- половина банана (може и смрзната)
- 1 лажица мед
- 2 лажици какао
- 2 лажици чиа семе
- ½ лажичка екстракт од ванила
Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте ги. Ќе добиете смеса која ќе ви ги задоволи желбите за благо, а истовремено ќе внесете хранливи состојки за вашиот организам.