Во јануари 2016 година, хуманитарката Anja Ringgren Loven му го смени животот на едно момче засекогаш.
Слободно може да се рече дека му го спаси животот кога работејќи во хуманитарна организација наиде на ужасна глетка на улиците во Нигерија. Таму основачот на DINNødhjælp наиде на момче, по име Хоуп, кој беше во очајна ситуација.
Напуштено од неговите родители, 2 годишното момче беше згрижено, откако поминало осум месеци сосема само. Фотографијата која го шокираше светот е од моментот кога таа му дава шише со вода да се напие, а потоа го завиткала во ќебе и го однела до најблиската болница.
Патот на закрепнување бил долг, но благодарение на донации од луѓе ширум светот, се собрале над милион долари, Хоуп е целосно закрепнат. Осум недели откако бил пронајден качил тежина и почнал да се смее.
Хоуп продолжил да напредува и грижата целосно го има променила. Loven неодамна споделила фотографија од момчето, порасното и целосно променето. Сега Хоуп живее во сиропиталиштето на DINNødhjælp, изгледа среќен и здрав, опкружен е со луѓе кои го сакаат и се грижат за него.