Летото е веќе во тек и времето за годишни одмори започна. Секоја жена при планирање на одморот, голем дел од времето поминува размисувајќи што се треба да понесе со себе за да ги заштити својата коса, нокти, кожа од сончевите зраци.
Стручњаците не препорачуваат да се користат истите производи на лицето и телото, бидејќи формулите наменети за лице се посилни, со почисти состојки, хипоалергени и наменети за чувствителните подрачја, додека формулите за тело не се секогаш адекватни за нанесување на чувствителните делови на лицето.
Косата е исто така подложна на оштетување од сонце. Производите наменети за заштита на косата од УВ зраците, сушењето и солта ќе се погрижат да не завршите со оштетена коса по завршувањето на летото. Усните се исклучиво чувствително подрачје на лицето, а високите температури и жешкиот воздух ги прават подложни на сушење, пукање и дехидрација. За да им обезбедите целодневна мекост, на плажа задолжително понесете го и омилениот балсам.
И најважно, на сонце не излегувајте без крема со заштитен фактор, омилениот шешир и очила за сонце!