Категории

Дознајте дали лубеницата е зрела и блага со помош на овој трик!

Најголемата дилема при изборот на лубеница во продавница е дали ќе ја погодите онаа која е зрела, слатка и сочна. Има еден прост трик кој може да ви помогне да откриете која лубеница треба да ја купите.

Обрнете внимание на делот од лубеницата кој често е занемарен. Важно е да ги избегнувате лубениците кои имаат мека кора и бирајте ги оние кои се тешки. Особено обрнете внимание на бојата околу рачката.

Местото каде што лубеницата била поврзана со својот лист додека растела може да ви каже доста за зрелоста на лубеницата и дали е спремна за јадење или е зелена. Овој дел треба да биде блага жолта боја, бидејќи ако е зелена боја тоа значи дека лубеницата не е доволно зрела и повеќе ќе има вкус на краставица. Доколку е премногу жолта, тоа може да биде знак дека лубеницата е презрела, па затоа избегнете ги и ваквите лубеници.