Категории

5 црни парчиња облека кои секоја девојка треба да ги има

Кога не знаете што да облечете – слободно потпрете се на црната боја. Со неа никогаш нема грешки, колку е сериозна, толку е и елегантна, а може да биде и секси и спортска…

Каков и да е вашиот стил, секоја жена треба дан има барем еден од следните 5 парчиња облека во црна боја.

1. Црн капут

Нема комбинација која на есен или зима црниот капут нема да ја направи совршена, без разлика дали станува збор за чиста елеганција или сосема опуштен стајлинг.

2. Црна кожна јакна

Моќно и вечно парче облека која се вклопува буквално во сите стилови.

3. Црни панталони и ташна

 

Од моментот кога сакате да изгледате елегантно, до моментот кога не знаете што да облечете, црните панталони и ташна ја спасуваат секоја ситуација и тоа на најубав можен начин.

4. Црн џемпер, кошула или ролка

Парче облека кое во себе носи едноставност, а во исто време и класична елеганција и исто така одговара на сѐ.

5. Црн фустан

Стигнавме до омиленото парче облека на многу жени – црниот фустан. Без разлика дали станива за познатиот мал црн фустан, или нешто подолг, шиток или краток, со него едноставно не можете да погрешите.

Прегледи:
537
Објавено на:
26.11.2018