Категории

5 парчиња облека кои треба да ги исфрлите од вашиот плакар

Точно е дека од време на време во мода се враќаат парчиња облека кои сме ги носеле некогаш, но сепак постојат парчиња облека од кои треба да се ослободиме бидејќи местото не им е во плакарот.

Неудобни штикли

Можееби некогаш ви беше сосема во ред да облечете претесни или превисоки штикли, но веќе нема потреба да патите во нив и да направите повеќе штета отколку корист. Пред сѐ, изберете удобност, а квантитетот заменете го со квалитет.

Премногу искинати фармерки

Ваквата облека изгледа дискутабилно на секој кој е постар од 14 години. Одлучете се за нешто посуптилно, а при шопинг обрнете внимание на кројот на фармерките да и прилегаат на вашата фигура.

Прекратко здолниште

Мини здолништата изгледаат атрактивно и модерно особено ако нозете се вашиот главен адут. По училишните и студентските денови кога почнувате да се чувствувате посериозно, применете го тоа и на физичкиот изглед.

Патики на полна пета

Овој тип на обувки не е воопшто во тренд па заменете ги со пар класични бели патики кои одговараат на секоја комбинација.

Неугледна куќна облека

Секако дека по дома не треба да носите фармерки и да бидете средени, но бидете доволно средени како во секој момент да може некој да дојде кај вас на гости. Најудобно ќе се чувствувате во комплет тренерки во иста боја.

Прегледи:
538
Објавено на:
19.12.2018