Категории

Направете топло смуди од јаболки со цимет (РЕЦЕПТ)

Вкусните овошни напитоци најчесто ги пиеме во текот на летото. Меѓутоа, кога утрата се темни и студени покрај кафето и зелениот чај, потребен ни е пенлив напиток кој ќе не наполни со енергија, а неговата арома да ги разбуди нашите сетила.

Ви претставуваме рецепт за вкусно смуди од јаболко со цимет, кој исто така може да се нарече течна пита од јаболко.

Состојки за 2 чаши:

  • 2 јаболки (излупени и исчистени)
  • 1/2 шолја кокосово млеко
  • 1/2 шолја оризово млеко
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 2 урми
  • 1 лажичка цимет

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во миксер додека не се добие хомогена течност. Турете ја во сад и загрејте на средна температура, но не дозволувајте напитокот да зоврие. ставете го напитокот во омилената шолја топлиот и вкусен напиток кој ќе ве загрее и ќе ви ја даде неопходната енергија.

Прегледи:
611
Објавено на:
10.01.2019