Вчеравечер во Лос Анџелес се одржа 25. годишно доделување на SAG наградите (Screen Actors Guild Awards).
Престижните признанија се доделени на актерките за успесите на малите екрани, но она што никако не можело да помине незабележано секако се тоалетите на дамите кои присуствувале на церемонијата.
Од силни до пастелни тонови, од тесни до кроеви во стилот на принцеза, во галеријата погледнете зошто овие дами би добиле и модни награди доколку би постоела таква категорија.