Изгледот и талентот кој го поседува легендарната италијанка Моника Белучи ги искористи на најдобар можен начин, иако во светот на глумата не се нашла случајно. Како и нејзините улоги, така и нејзините животни ставови се контроверзни и разновидни. Таа отсекогаш била силна и без влакна на јазикот.
„За ништо не светот не би сакала повторно да имам 20. Сега сум многу посреќна отколку тогаш, бидејќи на таа возраст се спознаваме себеси, се обидуваме да сфатиме што сакаме да бидеме, патиме од несигурност. Сега точно знам што ми е потребно, а без што не можам да живеам.“
„Да се биде убава на 20 – тоа е природно. Кога сте убав на 35 или 45, тогаш тоа е резултат на работата на себе и вашата внатрешна среќа.“
„Според мене глупаво е, со обзир на младоста и убавината, да се биде спонзоруша и девојка на некој со длабок џеб, како и бескрајно да се троши животот на журки. Убавината ни е потребна како помош за да најдеме хармонија, љубов и смисла во овој хаотичен свет.“
„Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие ви признаваат дека сте подобри.“
„Убавината станува поекспресивна и поинтересна кога е прикриена со облека.“
„Женственост – тоа е хармонија, природност и сензуалност.“
„Не ги разбирам жените кои велат дека машката желба ги понижува. Мислам дека тие едноставно не се во склад со себе.“
„Во младоста поседувате beuatie di diable (ѓаволска убавина) како што велат Французите, убавина која не ја сфаќате, која не сте ја спознале. Меѓутоа, кога имате 50, во вас се раѓа убавина од друг вид, убавина која дава сила, а таа сила не е поврзана со надворешната убавина!“
„Нам ништо не ни припаѓа: ниту нашите мажи, ниту децата. Ние можеме само да ги поделиме чувствата, емоциите со луѓето кои ги сакаме.“
„Убавината на жената станува проблем само во два случаи: кога ја нема и кога не постои ништо освен убавината.“
„Жената може да сака така, како никогаш да нема да замине, но исто така може да дојде и денот кога ќе си замине така, како никогаш да не сакала.“
„За мене, стареењето значи усовршување!“
„Луѓето можат на човек да му го простат умот, па дури и талентот, но убавината и успехот – никогаш!“
„Што ќе правам кога ќе остарам и кога мојата слика на огледалото веќе нема да ми се радува? Исто, како што правеше и мојата мајка. Нема да се гледам себеси во огледало – ќе ги гледам своите деца.“
„Секогаш им велам на младите девојки: „Научете да го сакате своето тело!“ Бидејќи совршенство не постои и сосема е очигледно дека жената со облини не е помалку убава од витката девојка. Едноставно, треба да научите да се се прифаќате себеси, онакви какви што сте.“