Фармерките се едно од најпопуларните модни парчиња кое го носиме во текот на целата година, а оваа пролет ја освојуваат фармерките во бела боја. Тие можат да се носат во сите прилики, па така со нив може да искомбинирате спортски аутфит или пак да ја истакнете својата елеганција.
- Спортски изглед
Едноставни и разновидни, белите фармерки се идеални за секојдневни спортски комбинации кои сите ние ги обожаваме. Можете да ги комбинирате со тренди тексас јакна и модни додатоци.
View this post on Instagram
- Кафе со пријателите
Пролетното сонце е најпријатно и идеално за уживање во филџан кафе и разговор со пријателите. Белите фармерки се одлична почетна точка за секоја модна комбинација.
View this post on Instagram
- Вечерен аутфит
Белите фармерки се совршена алтернатива на црните и сини модели и одличен избор за вечерен изглед во кој сигурно ќе бидете забележани. Со високи потпетици и топче, комбинацијата е добитна.
View this post on Instagram
- Состанок со партнерот
Без разлика дали се работи за прв состанок или состанок со долгогодишен партнер, факт е дека секогаш сакаме да блеснеме на состанокот. За да бидете секси (а при тоа и да не претерате), одберете парчиња кои суптилно ќе привлекуваат погледи. Така, своите омилени бели фармерки можете да ги комбинирате со топче со чипка, женствени обувки на високи потпетици и кожна јакна или пончо.
View this post on Instagram
- Деловна комбинација
Белите фармерки своето место го пронаоѓаат и меѓу деловните комбинации. Комбинирајте ги со свиленкасти кошули и светли обувки.
View this post on Instagram