Луѓето родени во овој прекрасен месец имаат многу таленти. Тие се уметнички души, емпатични и љубопитни. Ако својот живот не го поврзат со уметнички работи, тогаш тие стануваат доктори или правници. Познати луѓе родени во мај се Рудолф Валентино, Салвадор Дали, Одри Хепберн, Стиви Вондер, Адел и др.
Луѓето родени во мај ги имаат следниве карактеристики:
- Имаат неисцрпен извор на енергија
Тие се полни со енергија и никогаш не им е досадно. Патувањата и активниот животен стил се начин на кој ја ослободуваат енергијата. Тие ја ценат магијата на секој миг и ретко се жалат. Тие исто така може да ги мотивираат и останатите да работат.
- Емотивни се
Тие се многу чувствителни личности и не можат рамнодушно да поминат покрај човек или животно кои страдаат. Секогаш се обидуваат да помогнат. Често ги придвижуваат екстремните емоции. Кога сакаат тоа е до смрт, кога мразат тоа е до гроб. Дури и кога ќе простат- не забораваат.
- Луѓето родени во мај имаат силен карактер
Жените имаат силен став и храбро држење- особини кои можат да иритираат, но имаат и свои добри страни, на пример- секогаш го одржуваат дадениот збор и своите ветувања. Некои жени се интересен предизвик за мажите, но тешко е да се контролираат покрај нивниот силен и независен карактер.
Мажите родени во овој месец, од една страна се вредни и специфични, а од друга- често ги менуваат своите партнери.
- Уметнички души
Тие најмногу ја почитуваат музиката, раскошот на сликите, пренесените емоции преку сликите, како и уметноста на дизајнот. Сето тоа се одразува во ентериерот на нивниот дом, без разлика дали се работи за мешани уметнички стилови или модерен минимализам-сетоа тоа е комбинирано хармонично и со вкус.
- Оптимисти
Благодарение на оптимизмот и вродената чувствителност, секогаш се во состојба да утешат и да сочувствуваат со другите луѓе. Тие се искрени кон болката,а може отворено да кажат дури и не многу убави работи. Во овој случај, тоа е цената на вистинското пријателство.
- Среќен камен Смарагд
Смарагдот носи среќа во љубовта. Зелената боја смирува, ги подобрува нервите, ја намалува иритацијата. Исто така има лековите ефекти и на органите за вид.