Категории

7 мисли од легендарниот актер Џек Николсон кои вреди да ги запомните!

Џек Николсон е актер чии улоги секогаш оставаат силен впечаток врз гледачите. На своја 82. годишна возраст, тој е шмекер кој со самата појава привлекува симпатии кај публиката. Опуштен, искрен и кул, Џек го изнесува своето мислење за животот, смртта и своите очила за сонце.

Повеќе добар провод

„Моето мото е: повеќе добар провод“, открил во една прилика, а прочитајте ги и неговите мудри мисли за големите теми како смртта, бракот, кошарката и неговите очила за сонце. Сигурни сме дека ќе сакате да го цитирате.

За смртта

Јас сум Ирец. Мислам на смртта цело време. Некогаш, кога се замислував себеси како сериозен академски писател, мислев дека тоа е единствената вистинска тема за пишување – стравот од смртта и дека сите други теми се само тој ист страв, претворен во страв од блискост, страв од осаменост, страв од пропаѓање на општествените вредности.

Потоа го слушнав стариот Џон Хјустон (американски режисер) како говори за смртта. Тој пред неколку години имаше операција на отворено срце, но се врати здрав и жив и одговара на прашањата за смртта. Другиот лик му вели: „Добро, одлично, Џон, тоа е прекрасно… Но, како треба јас да се чувствувам кога ти ќе умреш?“ А Џон му вели: „Однесувај се како да станува збор за твојата смрт“.

Ми се допаѓа таа реченица, ја запишаав и ја користевме во филмот „Граница“ (The Border, 1982) во која велам: „Само сакам да направам нешто добро пред да умрам“. Зарем не го сакаме сите тоа?

За бракот

Никогаш не сум имал никакви предрасуди за бракот. Се венчав многу рано и сметам дека е контрапродуктивно да имаш теории за видот на твоите врски. Доволно е тешко да се познаваш себеси, а како што веројатно се забележале, кога ќе запознаете пар кој функционира како тандем, тоа е и уште потешко.

Ако ќе биде успешно, мора да биде многу реално, специфично и моментално, па ако имате преголема претстава за тоа пред да влезете во брак, мислам дека се многу помали шансите да успеете.

За лажењето

Лажете само две личности во животот: вашата девојка и полицајците. На сите останати треба да им ја говорите вистината.

За досадата

Не сметам дека многу луѓе на вистински начин ја разбираат улогата која таа ја има во нашите животи. Во денешно време, луѓето премногу се натпреваруваат кога станува збор за слободното време, како да е потребно да има некоја друга вредност за да може да се вклопи во нашето пуританско сфаќање на светот. Доколку играте голф за да добиете позајмица, тој ја нема својата права вредност, зар не?

За кошарката

Отсекогаш сметав дека кошарката е најдобриот спорт. Иако тоа не беше спорт во кој лично бев најдобар. Едноставно е најзабавно да го гледаш. Отсекогаш велев: „Бетмен и кошарка. Вечерен спорт и вечерен стрип.“

За своите улоги

Малку е тешко да се замисли, но поголемиот дел од луѓето се слични во многу нешта. Никогаш не сум имал проблем да се поистоветувам со ликот кој го играм.

За своите очила за сонце

Лекарот ми ги препиша. Затоа ги носам. Некогаш одамна, човекот од Средна Америка во мене, можеби мислеше дека е премногу. Но, сонцето е многу силно на југот во Калифорнија. Јас сум личност која е тренирана да ги гледа другите во очи. Сепак, не можам да ги гледам во очи сите оние кои ме гледаат мене, не можам емоционално да се носам со таквата задача. Очилата за сонце се дел од мојот оклоп.

Прегледи:
1430
Објавено на:
05.06.2019