Категории

Била наставничка по хемија, дала отказ и сега е милијардерка

Жонг Хуијуан предавала 10 години хемија во средно училиште. Решила да даде отказ и да се насочи кон кариера во фармацевтската индустрија.

Таа одлука на Жонг многумина би ја осудиле бидејќи превзела голем ризик, но се покажало како добар потег. Богатството на оваа 58 годишна кинескиња денес се проценува на 8 милијарди долари.
Нејзината компанија „Hansoh Pharmaceutical“ се занимава со производство на психотропни лекови. Компанијата минатата недела се појави на берзата на Хонг Конг, а се проценува на 10.4 милијарди долари во пазарна вредност.
Инаку, Жонг дипломирала хемија во 1982 година на Универзитетот „Jiangsu Normal“, а се до почетокот на деведесетите години предавала хемија во средното училиште „Yan’an“. Својата компанија ја основала во 1995-та година.


Таа се занимава со истражување и производство на лекови против рака, а лани се забележани 1.1 милијарди долари приход и 280 милиони долари добивка.

Прегледи:
675
Објавено на:
20.06.2019