Категории

Адриана Лима измами воздишки во проѕирен фустан на доделувањето на MTV наградите

Покрај цело дефиле од млади пејачки на црвениот тепих кои прошетаа во текот на доделувањето на MTV наградите во Њу Џерси, најмногу се истакна убавата бразилска манекенка.

Адриана се појави во темно зелен фустан кој ја истакна нејзината природна убавина и совршено извајано тело.

Мрежестиот фустан кој откриваше доволно беше потпишан од младата дизајнерка Сали Лапоинте, накитот како и секогаш припаѓаше на Chopard, а сандалите го носеа потписот на модната куќа Christian Louboutin.