Категории

За сите жени кои мислат дека шминката ја дефинира нивната убавина

Не ја дефинира! Секоја пора на твојата кожа, облик на твоите јаболчници, должината на твоите трепки и начинот на кој твоите усни се развлекуваат во насмевка, секој дел од твоето лице е единствен, не постои ист на овој свет, а баш поради тоа тие делови на лицето се оние кои те прават убава.

Ние сме само луѓе.

„Уште како девојче, тинејџерка, и млада возрасна жена, секогаш се преиспитував што значи да бидеш навистина убава. Иако сите сме го започнале животот голи, сепак со текот на годините се соочуваме со своите вредности, а особено оние како луѓето не доживуваат физички.
Она што не го разбирам е како сме станале толку плитки, наметнатите „маани“ на нашите лица одеднаш да станат неприфатливи? Кога сме почнале да забораваме дека сите несовршености на нас се тука со причина, да не охрабрат да се засакаме себеси, а тие станале тажни слики на нашите лица.
Кога сме почнале да се плашиме да излегуваме од дома без тронка шминка за некој да не би не сретнал, а некогаш безгрижно сме живееле.
И уште поважно е кога сме го изгубиле од вид фактот дека внатрешната убавина е далеку по важна од надворешната, која на крајот на краевите е минлива?
Не знам кога тоа се случило, но знам дека се случило, затоа што јас сум продукт на сетоа тоа. Неуморно се борев со тоа да бидам своја. Секое утро, секој ден, толку сум истренирала, ваков кармин, такви сенки, пудри, да би го сокрила своето вистинско лицео и да би створила ново – убаво за мене.
И после толку години се изморив и се запрашав: зарем не е најубаво она лице, вистинското кое го имам?
Ако нашиот денешен стандард не доведил до тоа да мораме да имаме лице кои е далеку од нашето реално, тогаш не сакам да бидам една од клоновите и роб на стандардите. Нека стандардите се прилагодат на моето лице.
Тие несовршености го прават твоето лице совршено. Секоја брчка на лицето означува колку си се смеела. Секоја стрија на телото го покажува периодот во животот во кој си се здебелила и си ослабела. Секоја лузна на лицето и телото е потсетник на некоја ситуација. Се тоа си ти. Една и единствена. Запамети. Во нити еден миг не смееш да заборавиш нити да се засрамиш да покажеш пред светот колку си беспрекотна баш поради сето тоа, а посебно колку си прекрасна и без слоеви шминка.“