Тешко ви е да им кажете збогум на летните фустани и здолништа? Овие трендови може да ви го олеснат малку тоа.
Оваа сезона панталоните се во фокусот, а се носат навистина разновидни модели меѓу кој секој лесно може да пронајде нешто за себе. Во продолжение ви издвоивме шест водечки трендови со кои не можете да погрешите:
Карирани панталони
Карираниот принт е популарен секоја есен па така и оваа, а најпрепорачливо е да го носите на панталоните. Изберете модел што одговара на вашата фигура и уживајте во чаролиите на ова парче облека кое сигурно ќе биде во тренд и во зимските месеци.
Тренерки со странични линии
Долен дел на тренерки со линии на страните, изработени од сјајна ткаенина или плиш како што се носеа во минатото повторно се во мода.
Панталони од сомот
Сомотот повторно се врати во голем стил, а покрај тоа што ќе имате тренди изглед, ви гарантира и топлина. Најпопуларните избори за оваа сезона се кадифените панталони во светла впечатлива боја, но нема да погрешите ниту со неутралите.
Кожни со рамни ногавици
Кожни панталони се уште едно парче облека кое се враќа во мода секоја есен, а годинава најпопуларни се моделите со рамни ногавици, исто како и фармерките.
Трапез ногавици
Трапезот повторно е во мода, и е најпопуларен кај фармерките, но преминува и на сите други модели на панталони.
Карго панталони
Најпрактичен тренд на сезоната се дефинитивно таканаречените карго панталони украсени со бројни џебови па нема да ви треба торба со нив.