Категории

Стари Индијански мудрости – Добрите луѓе гледаат добри знаци

Мудрости кои ќе ви го променат животот

Индијанците по грешка го добиле своето име. Европските поморци сметале дека прекуалтланските земји кои ги откриле се всушност Индија, но тоа бил народ кој живеел во потполна согласност со природата и затоа им изгледале назадно цивилизирани на европјаните.
Колку всушност биле понапредни и подобри од остатокот од светот, сведочат нивните мудрости кои ја одразуваат интеракцијата помеѓу човекот и природата. Нивните мисли во исто време биле едноставни и длабоки.

-Добрата личност гледа добри знаци.

-На секој човек му се потребни тивки денови за да се чуе самиот себеси.

-Оној кој молчи, знае двапати повеќе од соговорникот.

-„Мораш“ само да умреш

-Домот е таму каде што се чувствувате добро.

-Внатре во секоја личност постои добар и лош волк. Волкот кој храни, секогаш победува.

-Се на светот има своја песна.

-Детето е гостин во вашиот дом: нахранете го, научете го и пуштете го.

-Знаењето е скриено секаде. Некогаш целиот свет бил библиотека.

-Кога ќе се исече последното дрво, кога ќе се отруе последната река, кога ќе се фати последната птица – тогаш ќе сфатите дека парите не можат да се јадат.

-Сакај ја својата земја. Не ја наследуваш од родителите, ја позајмуваш на твоите деца.

Прегледи:
1393
Објавено на:
01.11.2019