Категории

„Сакате ли во животот да ви се случи чудо?“

Приказна од единствениот Пауло Коелјо.

Овој прекрасен извадок од книгата: „Ракописи од Акра“ охрабрува и потсетува дека чудата се наоѓаат насекаде околу нас.

„Можеме да го одредиме на различни начини: она што се противи на законите на природата, интервенција во моментите на длабока криза, лек и визија, невозможни средби, спас во мигот и соочување со непосакуван гостин.
Сите овие дефиниции се вистинити, но чудото е повеќе од тоа. Тоа што одненадеж го исполнува вашето срце со љубов. Кога тоа ќе се случи, чувствуваме длабоко почитување за милост која Бог ни ја доделил.
Затоа Господе, чудото наше дај ни го денес.

Дури и ако не сме знаеле да го забележиме, затоа што изгледа дека нашиот ум е насочен кон големите дела и освојувања. Дури и ако сме премногу зафатени со своето секојдневие за да сфатиме колку тоа го променило нашиот пат.
Кога ќе бидеме сами и несреќни нека очите ни бидат отворени за животот кој не опкружува. За цветот кој цути, за ѕвездите кои се движат по небото, за далечниот рој птици или за гласот на детето во близина.
Помогни ни да разбереме дека постојат извесни нешта кои се важни и дека е потребно да ги откриеме без ничија помош. Кога ќе дојде време за тоа, не треба да се чувствуваме заштитено. Тие не следиш и си спремен да се вмешаш ако ногата опасно ни се приближува кон провалијата.

Помогни ни да да продолжиме понатаму и покрај потребата се да објаснеме и разбереме.
Помогни ни да разбереме како силата на љубовта умира во нејзините спротивности. А љубовта се одржува така што се менува, не затоа што е стабилна и без предизвици. И да, секој пат кога ќе видиме како понижениот се извисува а гордиот е понижен, во тоа да препознаеме чудо.
Помогни ни, кога нозете ќе ни се изморат, да чекориме со помош на силата сокриена во нашето срце. А кога срцето ќе ни се умори, да продолжиме понатаму со силата на верата.
Помогни ни во секое зрно пустинска песок да го видиме изразот на чудата на различностите. Тоа ќе не охрабри и ќе се прифатиме себеси такви какви што сме. Затоа што не постојат две исти зрна песок во целиот свет, а така и не постојат две исти човечки битија кои мислат и реагираат на ист начин.

Помогни ни да покажеме скромност кога примаме радости и кога ја даваме. помогни ни да разбереме како мудроста не е во одговорите кои ги добиваме, туку во тајните на прашањата кои ни го збогатуваат животот.
И помогни ни никогаш да не бидиме врзани за она кое мислиме дека го познаваме, зтоа што всушност, многу малку знаеме за судбината. Но некогаш тоа не поттикнува да делуваме беспрекорно, користејќи ги четирите доблести кои треба да ги сочуваме: храброст, добрина, љубов и пијателство. “

Прегледи:
538
Објавено на:
11.11.2019