Дојде она време кога е скоро невозможно да ја скротите косата
Мора да признаеме дека ги сакаме ниските температури поради комбинирање на гардеробата и правење интересен стајлинг. Есента ни дава многу можности да експериментираме, но кога станува збор за косата, дождот и ветрот во никој случај не се наши сојузници.
Сепак, постои решение. Трендовски фризури што ќе ве натераат да изгледате шик и стилски, а влагата и ветерот нема да ги расипат.
Рамна, исфенирана коса во овие ситуации не е опција, како ни беспрекорните кадрици, бидејќи дури и со најмал контакт со влага, косата станува непослушна и го губи волуменот. Затоа, фризурите кои вклучуваат собрана коса се идеален избор за дождливи денови.
Ниски или високи пунџи и плетенки се неприкосновени кога е времето овакво. Најдобро од сè е што тие се лесни за правење. Сè што ви треба се неколку ластикца и неколку шноли за коса и подготвени сте во еден момент за излегување.