Замислете само колку светот би бил подобро место кога секој би се грижел само за самиот себе.
Кога секој би превземал одговорност за своите потреби и своите емоции.
Кога би знаеле дека се што ни се случува во животот сме го избрале сами и нам ни преостанува да го креираме својот живот, да ја бираме својата околина и нашиот однос со неа, во тој идеален свет сами влијаеме на нашето однесување и владееме со своите емоции..
Често се случува да не сме задоволни со сопствениот живот, самите себеси и луѓето кои не опкружуваат. Се обидуваме да бидеме некој друг, да ги следиме друштвените трендови и константно да се преправаме. Со тоа ја лажеме околината и се преставуваме како нешто што не сме, но се лажеме и самите себеси и не се прифаќаме онакви какви што сме, единствени, неповторливи и незаменливи.
Потребно е да знаете дека во вашиот живот единствено важни сте само вие и вашата среќа. Што сакате во животот и кои се вашите цели. Водете грижа за тоа какви пријатели бирате да ве опркужуваат, какво е вашето друштво, каков е вашиот однос со колегите на работа, на вас преостанува тоа какво влијание има околината на вас. Секогаш имате можност да изберете. Некои ситуации не ви се пријатни, но ваш е изборот како ќе реагирате во тие ситуации.
Не морате да прифаќате се што ви се случува да влијае директно на вас, вие одлучувате како ќе се спротивставите на се што ве опкружува. Важно е да знаете да бирате како ќе се однесувате, со кого ќе го поминувате своето драгоцено време, бидете свои и грижете се само за себе затоа што никој друга нема да го стори тоа наместо вас, освен вие самите.