Нема подобра комбинација од оваа за есенските денови
Криси Тајген знае како да искомбинира парчиња облека во феноменална комбинација на која никој не останува рамнодушен.
Ако ги сакаме есенските и дождливите денови заради нешто, тогаш тоа е поради високите чизми што можеме да ги искомбинираме со фармерки. Оваа комбинација е со години на врвот на модната листа, а скоро сите дами се луди по неа.
Високите чизми се клучен дел од сезоната есен / зима и секоја жена треба да ги има кога ќе дојдат постудените денови.
Манекенката избра модел со високи потпетици во камел боја и класични фармерки. Со оглед на тоа што чизмите, како и капутот се доволно впечатливи, таа реши да се држи до поедноставните парчиња кога станува збор за остатокот од стајлингот.
Дали сте љубител на оваа комбинација?