Категории

Што значи да се биде вистинска дама? Познатите дизајнери ги имаат одговорите

„Да се биде елегантна не значи да паѓаш во очи. Да се биде елегантна значи да те запомнат.“

Да се биде жена е вистинска уметност. Секоја жена има свои трикови, само за неа својствен шарм и парфем. Никој во шармот и убавината, не се разбира толку добро како неприкосновените модни диктатори.
Ви ги претставуваме најдобрите совети кои некогаш познатите легендарни дизајнери им ги оставиле на жените на овој свет.

-Грижата за убавината треба да почнува од срцето и душата, иначе никаква шминка нема да помогне. – Коко Шанел

-Вистинската жена треба да биде непослушна, малку злобна и камприциозна. – Кристијан Диор

-Годините за жените не се најважни: може да биде убава на 20 години, шармантна на 40, и недоволива до крајот на животот. – Коко Шанел

-Најдобриот моден детал на една жена е згоден маж. – Коко Шанел

-Немојте претерано да се задлабочувате во трендовите. Не дозволувајте модата да владее со вас, самите одлучете кои сте и што сакате да изразите преку вашата облека и начин на живот. – Џани Версаче

-Да се биде елегантна не значи да паѓаш во очи. Да се биди елегантна значи да се врежиш во сеќавање. – Џорџио Армани

-Секогаш чекорете како покрај вас да чекорат три мажи. – Оскар де ла Рента

-Грижата при изборот на чевли никогаш не е претерана. Многу жени мислат дека тие се небитни, но вистинската потврда на женската елеганција е она што и се наоѓа на нозете. – Кристијан Диор

-Ако имате криви нозе, носете длабоко деколте. – Кристијан Диор

-Шик не може да се изглуми, но шик можете да бидете во лажно крзно. – Карл Лагерфилд

-Колку девојката полошо се чувствува, толку подобро треба да изгледа. – Коко Шанел

-Парфемот е ненадминлива нијанса на женската индивидуалност, тој дава посебна нота на вашиот изглед – Кристијан Диор

-Не постојат грди жени, постојат само мрзеливи – Коко Шанел

Прегледи:
517
Објавено на:
10.12.2019