Сите кожни парчиња се исклучително популарни оваа сезона а така ќе биде и наредната година.
Со вакво парче во главна улога секој стајлинг, без дилема, ќе биде забележан.
Модните трендсетерки полудеа по ова модно парче и од сезона во сезона станува се по популарно на улиците на модните метрополи. Причината поради која сите дами толку го обожаваат е поради тоа што може да се комбинира на безброј начини. Ние ви ги донесуваме едни од најактулените предлози кои можат да ви послужат како стилска инспирација.
Викторија Бекам е една од најпознатите модни дами која го обожава ова модно парче, и го носи без грешка.