Категории

Човек мора еднаш да каже кога е доста!

Човек мора да се огласи и да каже кога е доста затоа што веќе нема смисла да трпи се во својот живот

Нема смисла постојано да се потиснуваат нешта кои не му се допаѓаат и да го премолчува она што треба да се каже. Нема смисла да останува во битките кои не водат никаде мислејќи дека ќе направат некоја важна промена во неговиот живот и да се докажуваат пред другите кога ним им е потполно сеедно што тие рекле, направиле или премолчиле.

Човек мора еднаш да каже кога е доста затоа што нема смисла да дозовлува олујите да му го уништуваат животот, не само да им каже доста на другите, туку и на себеси, доста што трпел нешта кои не му требале, доста на уверувањата кои не го одвеле никаде, доста на навиките кои неговиот живот го направиле затворен круг. Нема смисла да го бара својот мир а да не го слуша своето срце. Треба еднаш да каже „не“ на нештата кои го повредуваат, тивко и гласно, површно и длабоко.

Човек мора да каже кога е доста и да престане со игрите кои не се игри туку натпревар кој нема смисла, натпревар кој има повеќе, кој може подобро, кој знае повеќе. Нема смисла да ги задржува солзите, да го гуши недостигот, и да се прави дека ништо не се случило. Човек мора да сфати дека физичката сила не е доволна за да се живее добар и квалитетен живот и дека треба повеќе да вложува во духовната сила, колку и да му е тешко.

Кога еднаш човек ќе каже „доста е“, сите нешта почнуваат да се менуваат затоа што поставува нови критериуми и правила кои ќе направат тој да пробие нови рекорди во животот. Кога еднаш ќе каже „доста е“, може повторно од почеток да почне да живее сфаќајќи го сето тоа досега како проба и школа, па да почне да донесува подобри одлуки, мудро да вложува во односите и да го отфрла сето она кое не е вредно и не го прави среќен.

Прегледи:
444
Објавено на:
17.12.2019