Категории

Како да го постигнете неодоливиот париски шик

Парижанките се едни од најубаво дотераните дами кои без многу напор успеваат да изгледаат женствено, префинето и секси

Познато е дека парижанките не ја следат модата и не се водат слепо според трендовите, тие имаат личен стил кој претставува спој на класичното, безвременското, префинетото и урбаното. Дамите од градот на светлината секогаш изгледаат беспрекорно каде и да се појават, не претеруваат со шминката и деталите, и секогаш одбираат минимализам.
Дамските шешири, класичните фустани, едноставните панталони и белите кошули и удобните балетанки се нивен заштитен знак и секогаш оставаат силен впечаток каде и да се појават.
Доколку и вие го обожавате нивниот шарм, ова се клучните парчиња кои водат до нивниот шик изглед.