Сѐ што ви е потребно за комплетен стајлинг
Практичната дневна ташна е еден од оние неизоставни модни додатоци во секојдневниот стил, не е важно дали се работи за гардероба за студената или топлата сезона. Во потрага по совршената дневна ташна која ќе ја додадеме во колекцијата на истовремено практични и естетски модни додатоци, во нејзиниот дизајн, изглед и модел секогаш се потребни само три епитети – практична, пространа и елегантна.
Иако црната ташна е онаа која речиси сите ние ќе ја избереме за да имаме еден универзален моден додаток, оваа студена сезона модните стручњаци советуваат да ја оставиме црната боја а ако нејзина алтернатива ни доаѓа кафеавата боја на ташна со која никако не можете да погрешите.
Како што изјавуваат тие, оваа нијанса на ташна совршено со вклопува со сите бои на гардероба. Покрај црната и белата, таа се смета за базна боја која симболизира класика и елеганција.
Па доколку сеуште не сте ја пронашле вашата идеална дневна ташна, ние ви споделуваме неколку модели кои би биле ваши идеален избор.