Се водиме според теоријата „колку повеќе – толку подобро“, но тоа всушност предизвикува спротивен ефект
Секако дека пилингот е идеална нега на кожата со која обожаваме да го третираме нејзиното здравје и изглед, но доколку претераме, последиците се активираат.
Најважно е да водите грижа колку често применувате пилинг, еве што советуваат дерматолозите.
„Кога премногу често правите пилинг на кожата, создавате микроскопски рани на неа.“
Со стручни зборови, деликатната бариера се уништува, влажноста се губи и честичките кои создаваат иритација влегуваат низ ситните рани. Поради тоа состојките на некои производи почнуваат да создаваат пецкање и непријатност на кожата што доведува до иритација.
Доколку сакате да ја избегнете оваа непријатна ситуација, морате да правите чести паузи помеѓу третманите.На кожата и е потребно да дише, да се опорави во потполност и да се прилагоди на ефектите на пилингот. Во спротивно создавате микро рани, што никако не е добро.
Доволно е пилингот да го правите еднаш до два пати неделно, се додека прозиводот лесно не го втријате. Исто така е пожелно да бирате лесни формули. После отстранувањето на нечистотиите и мртвите клетки, нахранете ја кожата со хидратантна крема и ќе видите инстант промена.