Категории

Мигови кои ќе ти ги отворат очите и ќе почнеш вистински да живееш

Мигот кога ќе сфатиш дека никој не ти е непријател, освен ти самиот на себе.

Мигот кога  ќе сфатиш дека личноста за која се грижиш не може да ти понуди ништо интелектуално или духовно, туку само болка.

Мигот кога ќе сфатиш дека Бог за тебе имал многу поголеми планови кои не вклучуваат плачење во ноќите или тажни цитати на фејсбук.

Мигот кога ќе престанеш да се споредуваш себеси со другите затоа што тоа ја понижува твојата вредност, образование и мудрост на твоите родители.

Мигот кога ги живееш своите соништа, не затоа што тоа нешто ќе докаже или од тоа ќе добиеш нешто, туку затоа што сето тоа е она што сакаш да го правиш. Што другите мислат не е важно.

Мигот кога ќе сфатиш дека никој не ти е непријател, освен ти самиот на себе.

Мигот кога ќе сфатиш дека имаш се што сакаш во животот. Меѓутоа, потребно е време, срце, страст, и подготвеност за да ризикуваш. Ако го немаш тоа, причината за истото е бидејќи не си имал доволно силна желба, или не ти било потребно или едноставно Бог те спречил.

Мигот кога ќе сфатиш дека духот на твоите предци стоел помеѓу тебе и личностите кои си ги сакач. Тие вистински не сакале да се образуваш семејна врска со некој кој не делува чесно.

Мигот кога ќе сфатиш дека среќата никако немала врска со личностите. Тие се само сопатници во постигнувањето на твојата животна мисија.

Мигот кога веруваш дека љубовта нема врска со победувањето или губењето. Тоа се само неколку мигови во времето, после што следи вечноста во која растеш.

Мигот кога ќе сфатиш дека секогаш си бил вистинската личност. Само оние кои се глупави отстапуваат од својата величенственост.

– Шенон Л. Алдер

Прегледи:
425
Објавено на:
12.02.2020