Категории

Бидете вредни, но не ставајте ја работата пред семејството – Животни совети од најмудрите

Старите луѓе ги советуваат помладите

-Вие можете да живеете долг или краток живот – никој не го знае тоа. Како и да биде – потребно е да се грижите за своето здравје во младоста.

-Пријател е оној кој ќе ви притрча на помош, дури и ако го повикате во два часот после полноќ. Останатите се само познаници.

-Нема да забележите кога вашите деца ќе пораснат. Затоа поминувајте повеќе време со нив.

-Најважната личност во вашиот живот е личноста која прифатила да го дели животот со вас. Гледајте на тоа баш на овој начин.

-Никој сеуште не умрел со жалење дека работел премалку во животот. Бидете вредни, но не ставајте ја работата пред семејството, пријателите, и на крајот на краиштата, пред себеси.

-Ако сте уморни од животот, едноставно застанете и размислете за сегашниот миг, обидете се да уживате во се што е убаво, и навистина важно за вас. Длабоко воздивнете, опуштете се. И сфатете дека се е релативно.

-Имаме само еден живот. Немојте да се разбудите еден ден додека имате 60 а не сте оствариле ништо од тоа за кое сте сонувале целиот живот.

-Веројатно ова не е баш некој длабокоумен совет, но сепак, мијте ги забите редовно, водете грижа за нив, затоа што забните проблеми се грозни.

-Не следете ги сите совети како библиски заповеди. Можете да побарате совет од некого кого го цените, но најважно е да донесете сопствена одлука.

-Не се држете за материјалните нешта, држете се за времето и случувањата.

-Ценете го секој миг и секој детал.

-Љубомората ги уништува односите, имајте доверба во другата половина. Ако не и верувате, во кој друг ќе имате доверба?

-Ако имате неостварен сон, вие сеедно морате да се обидете барем да му се приближите до неговото остварување, затоа што со текот на годините ќе ви се чини уште по неостварлив.

Прегледи:
469
Објавено на:
23.02.2020