Категории

„Колку е потребно за среќа?“ – Мудра и емотивна приказна

Емотивна приказна за разделбата на мајка и ќерка која ќе ја паметите долго

Неодамна имав прилика да присуствувам на емоционална разделба помеѓу мајка и ќерка на аеродром. Мајка и ќерка стоеа прегрнати, кога се слушна повикот сите патници да се качат во авионот.
Стоејќи во близина на сигурносната врата, се прегрнаа уште една и мајката и кажа: „Те сакам и ти посакувам доволно“, на што ќерката и одговори: „Мама, нашиот заеднички живот беше и повеќе од доволно. Твојата љубов беше се што некогаш ми беше потребно. Исто така ти пожелувам доволно, мамо.“

Се бакнаа и ќерката замина. Мајката пријде до прозорецот и стоеше таму изгледајќи како да ќе заплаче секој миг. Иако посакав да и пријдам и да ја прегрнам, помислив дека е подобро да остане сама со себе. Меѓутоа, бабата ми постави изненадно прашање:
„Дали некогаш сте му кажале збогум на некого, знаејќи дека тоа би можело да биде засекогаш?“
„Да“, и одговорив. „Извинете што ве прашувам, но зошто е ова збогум засекогаш?“
„Стара сум, а таа живее многу далеку. Ме очекуваат предизвици во иднина, а реалноста е дека следното нејзино враќање ќе биде поради мојот погреб“, рече бабата.
„Кога и рековте збогум, слушнав дека и рековте „Ти посакувам доволно“ Смеам ли да прашам што значи тоа?“

Бабата почна да се смее. „Тоа е желба која се пренесува на многу генерации. Моите родители и ја кажаа на некого…“ Застана и погледна во височината како да се обидува да се сети на секој детал. Потоа убаво се насмевна. „Кога ќе кажеме „Ти посакувам доволно“, посакуваме другата личност да има живот исполнет за таман онолку добри нешта колку што и се потребни за да може да живее убаво и да поднесе се.“ После тоа се заврти накај мене и изрецитира напамет:

„Ти посакувам доволно сонца да го осветлат твоето расположение и свет.
Ти посакувам доволно дожд за да можеш да го цениш сонцето уште повеќе.
Ти посакувам доволно среќа да го одржи твојот дух среќен и вечен.
Ти посакувам доволно болка така што и најмалите задоволства во животот да ти изгледаат поголеми.
Ти посакувам доволно добивки да ги задоволат твоите желби.
Ти посакувам доволно поздрави кои ќе те доведад до конечното збогум.“
Бабата заврши со рецитирањето и почна да плаче, се заврти и замина.

Се вели дека е потребен само еден миг за да се пронајде посебна личност, еден час за да почнеме да ја цениме, ден за да ја засакаме, а потоа цел живот за да ја заборавиме.

Прегледи:
576
Објавено на:
22.02.2020