Категории

Понекогаш СРЕЌАТА ја пронаоѓаш дури откако нешто ќе изгубиш

Понекогаш среќата доаѓа после тагата.

Во главно мислиме дека среќата е секогаш поврзана за добивањето нешта; работа, автомобил, гардероба, или некоја личност. Мислиме дека ќе бидеме среќни кога ќе добиеме се што посакуваме и тоа во истиот миг.

Колку повеќе нештата не одеа како што посакував, толку повеќе сфаќав дека среќата е и во изгубените нешта. Понекогаш тоа што го сакаме може да не уништи.
Понекогаш среќата е во тоа да отпуштаме; Кога не се бориш со сите сили, кога не анализираш премногу нешта кои и онака не можеш да ги контролираш и не се обидуваш да поправиш некого или нешто што не може да биде поправено спрема твоите очекувања.

Понекогаш е среќа кога ќе изгубиш драги личности за кои повеќе не мораш да се чувствуваш како тебе да ти е повеќе грижа за нив отколку нив за тебе. Не мораш да се прашуваш кој се жртвува повеќе за кого и кој повеќе се труди.

Понекогаш среќата доаѓа после тагата.

Понекогаш среќата доаѓа на местото на кое си се бунтувал затоа што учиш дека можеш да преживееш и учиш да се соочиш со сопствените стравови и сомнежи. Понекогаш се случува токму спротивното од она за кое си се молел такак што го променуваш животниот пат и воведуваш промени во животот.

Понекогаш среќата е во збунетоста, кога се обидуваш да бидеш благодарен за нештата кои се добри, кога се обидуваш да се смееш на иронијата на се и учиш да уживаш во едноставните мигови кои си ги земал здраво за готово.

Понекогаш среќата доаѓа кога е ја изгубиме сета надеж и се ослободуваме од правилата кои сме си ги наметнале самите и плановите кои сме ги правеле.
ПОнекогаш среќата доаѓа кога ќе престанеш да ја бараш, кога ќе престанеш да собираш нешта кои ќе те направат комплетен, кога ќе престанеш да трчаш по она кое што го сакаш, и ќе престанеш да си вршиш притисок на самиот себеси да ја контролираш својата судбина и иднина и да престанеш да очекуваш среќата да се манифестира во точно онаков облик каков што ти посакуваш.

Понекогаш пронаоѓаш среќа кога ќе ти биде одземено се што си посакувал.

Понекогаш ја наоѓаш кога ќе се ослободиш, кога нема повеќе да ја врзуваш среќата за нешта или луѓе, кога ќе и дозволиш да те израдува во вистинско време.

Среќата доаѓа кога ќе престанеш да се грижиш за она што се случува околу тебе, и ќе почнеш да се грижиш само за она што се случува внатре во тебе.

Прегледи:
655
Објавено на:
27.02.2020