Не ги игнорирајте предупредувањата на другите да се пазите од некои луѓе, тие знаат што зборуваат, животот ги научил.
Внимавај на луѓето кои во животот мислат само на својата победа, тие ќе направат се за да се најдат на победничката страна и не ги бираат сретствата, играта со нив е секогаш однапред осудена на неуспех. Внимавај на луѓето кои опкружуваат со додворувачи и ласкачи. Немој да играш по нивните правила затоа што ќе ти го претстават само нивниот изопачен свет кој ќе те кошта по цена на твојот мир.
Не ги игнорирај предупредувањата на другите да внимаваш на некои луѓе, тие веќе се изгореле на нив и знаат што преживеале. Чувај се од луѓето кои сметаат дека нивната најголема сила е дволичноста која ја имаат, па ќе ти се смешкаат во лице и ќе ти зборуваат убави нешта а додека се свртиш ќе те очекува нож во грб. Чувај се од оние кои мислат дека знаат се, не влегувај во расправа со нив затоа што нема да им докажеш ништо.
Биди опкружен со луѓе кои се реални и не се сокриваат позади маска. Внимавај на оние кои постојано имаат потреба да ги менуваат другите, кои го прават тоа прикажувајќи се дека имаат добри намери.
Слушај ги советите на другите и понекогаш е подобро да учиш и на туѓите грешки. Ќе научиш многу од туѓите искуства. Некогаш нештата не мораш да ги почувствуваш на своја кожа за да знаеш колку се болни. Не доаѓа се од тебе, но понекогаш ти си тој кој може да ја заврши играта.