Во најтешките мигови, најважно е да останеш присебен и смирен, само така ќе можеш да ја пребродиш секоја лоша ситуација
Учениците се чуделе како нивниот учител успева да одржи мир и сталоженост во најтешките животни ситуации. Така често тие биле сведоци кога некој ќе му соопштел тажна вест на нивниот учител а тој само продолжувал да гледа во далечината спрема морето. Така една олујна вечер му дошол пријател со вести:
-Твојот најдобар пријател е многу болен и умира.
Учителот само продолжил да гледа во правецот на олујното море. Пријателот видно вознемирен го запрашал:
-Не ми е јасно, како тебе ништо не те вознемирува? Јас да би слушнал дури и помалку вознемирувачка вест, би се разбранувал како морето.
-Треба да го задржиш мирот во длабочината.
-Не разбирам?
-Ајде обиди се да нурнеш во длабочината.
-Зошто?
-Нурни, па ќе видеш..
-Но олујата и брановите се огромни?
-Само нурни..
И пријателот направил како што му кажал учителот. Кога се вратил после некое време, учителот го прашал:
-И што заклучи?
-Иако на површината беснеат големи бранови, во длабочината е потполно мирно.
-Ете, таков биди и ти!