Постои само една вистинска сиромаштија, а тоа е сиромаштијата на духот.
Сиромавиот го запрашал мудриот старец:
-Зошто сум толку сиромашен?
Мудриот старец одговорил: – Не си научил да даваш.
Сиромавиот: – Како можам да давам кога немам ништо?
Мудрецот: – Имаш неколку нешта:
Лице со кое можеш да дадеш насмевка.
Уста со која можеш да дадеш совет и утеха на другите.
Срце кое можеш да го отвориш за другите.
Очи со кои можеш да го гледаш доброто во другите.
Тело кое можеш да го употребиш за да им помогнеш на другите.
Ти, всушност воопшто не си сиромашен.
Сиромашниот дух е вистинската сиромаштија.