Категории

Придвижете го сами чамецот на својот живот – Не ви требаат туѓи весла

Какви и да се вашите мисли за себе и смислата на животот, можете да се најдете помеѓу два правци. Или сте оној кој води, или сте оној кој е воден. Не постои трета опција.

На кој начин се одвива вашиот живот? Дали сте еден од оние кои се во постојана потрага по нови предизвици и искуства или само чекате да ве зафати некој бран на промена, било да доаѓа од некој друг или некоја надворешна инспирација, па нешто конечно да се помести во вашиот живот?

Можеби цела вечност се жалите на монотонијата во вашиот живот и се прашувате дали има смисла да се живее? Какви и да се вашите размислувања за себе и вашиот живот, можете само да изберете помеѓу двата правци – да водите или да ве водат.

Среќата на другите не е идентична со вашата среќа како и вредностите на другите не се идентични со вашите.
Потребно е да нурнете длабоко во себе и да откриете кој бран ве понесува. Да станете свесни дека не ви се потребни туѓи весла за да испловите, туку внатре во себе го поседувате единствениот мотор.
Дали целиот живот ќе се жалите на лошите ветрови кои доаѓаат од погрешниот правец и со тага ќе гледате кон отвореното море а сте имале можност да испловите од безбедносниот брег и да го видите светот.

Немојте да кажувате „подоцна“, затоа што тоа никогаш не доаѓа се додека вие не одлучите.

Создавајте го својот живот сега, обликувајте го онака како што вие сакате. Само така нема никогаш да зажалите дека сте го изгубиле вашето време. Сакате ли во вашата ризница на сеќавања да го имате она кое е вистински вредно? Вашата свест и слобода се едиснтвените најдобри весла кои ги поседувате и со кои можете да испловите уште денес во правецот кој го посакувате.

Прегледи:
437
Објавено на:
08.03.2020