Клучот на вистинската слобода е способноста да влијаете на вашите мисли и прифаќање на фактот дека вие можете да влијаете на нив
Иако на прв поглед можеби не изгледаат толку опасно, долгорочно можат сериозно да ви наштетат. Понекогаш се чини дека не постои ништо поопасно од тоа кога нешто занемарувате, кога некому сте завидливи, кога некому не можете нешто да му простите, кога некоја личност која ве повредила постојано ви се мота низ главата. Секое утро, ден и вечер вашите мисли се преокупирани со таа негативност.
Како што наизглед малите нешта донесуваат среќа, така и тие малите ја однесуваат. Понекогаш се чини лесно да се пресече нешто во животот, да се замине од токсичната средина, да се напушти лошата работа, да се оддалечиш од лошите пријатели, но што е со мислите кои постојано се враќат како во еден маѓепсан круг.
Клучот на вистинската слобода е способноста да влијаете на вашите мисли и прифаќање на фактот дека вие можете да влијаете на нив. Лесно е да се пресметате со непријателите околу себе, но не и со оние непријатели во вашата глава. Кога еднаш ќе ставите крај на сите сомнежи и ќе му се спротивставите на сопственото негативно размислување, тогаш вие ќе ја поседувате комплетната контрола врз себеси и никој и ништо нема да може да ја уништи вашата среќа.
Кога еднаш ќе ги исфрлите сите отрови од вашиот живот, ќе бидете вистински слободни. Не можете да имате позитивно секојдневие доколку постојано се држите за токсичното ‘status quo’. Среќата започнува од самите нас, а ние го имаме клучот да ја ослободиме.