Ви споделуваме неколку одлични третмани кои можете да ги направите во домашни услови кои ќе ја третираат вашата коса во зависност од нејзиниот тип. Состојките кои ќе ви требаат веројатно веќе ги имате при рака.
Било да имате тенка коса, виткана или без волумен, можете сами да подготвите домашен третман кој ќе ви даде дури и подобри резултати од фризерски салон. Се што ви е потребно се само неколку состојки од вашата кујна, а природните продукти се секогаш најдобар избор кога е во прашање негата.
За коса на која и е потребен сјај
Ако сте забележале дека вашата коса во последно време изгледа помалку безживотно, црниот чај е одличен начин да и го пружите потребниот сјај.
Начин на подготовка:
Сварете црн чај во количина за која сметате дека и е потребна на вашата должина на коса, и оставете го да одстои додека не се излади. Натопете ја косата и оставете да одстои 10 минути. Измијте ја косата и уживајте во резултатите.
За коса на која и е потребна хидратација
Сите знаеме дека путерот е богат и кремаст, а неговата долготрајна традиција во употребата за козметичка цели во Етиопија е легендарна.
За оние со виткана коса, путерот е одличен начин да ја подобрите текстурата на вашата коса.
Начин на подготовка:
Земете неколку лажици путер на собна температура и втријте го во вашата коса. Покријте ја главата со капа за туширање или обична вреќичка и оставете да одстои 1 час. Потоа измијте ја косата на вообичаениот начин на кој го правите тоа.
За сува и безживотна коса
Јаболковиот оцет помага во отстранувањето на насобраната количина на производи кои ја отежнуваат косата. Во комбинација со арганово масло кое е богато со витамин Е, јаболковите оцет ја негува и чисти косата. Исто така помага во измазнување и давање на подобра текстура.
Начин на подготовка:
Помешајте 2-3 лажици јаболков оцет со 2децилитри млака вода. Откако ќе ја измиете косата со шампон и регенератор, оваа мешавина нанесете ја на темето. За најдобар ефект оставете да одстои неколку минути па исплакнете со топла вода.
За негување на сите типови коса
Сировото јајце е навистина богато со хранливи состојки. Жолчката е богата со масти и протеини и има хидратантни својства, додека белката содржи ензими кои ги отстрануваат непотребните масла од вашата коса.
Начин на подготовка:
За нахранување на нормална коса користете цело јајце. Белката користете ја само за третирање на масна коса, а жолчката за третирање на сувата и кршлива коса.
Нанесете на чиста и влажна коса, оставете да делува барем 20 минути и измијте со студена вода. Потоа измијте ја косата со шампон.