Категории

Блескава кожа, нежни усни и сини тонови: Трендови во шминкањето за лето 2020

Еве кои „makeup“ трендови ќе бидат најобожавани за време на топлата сезона

Блескавата и чиста кожа ќе биде главен тренд. Полека почнавме да се оддалечуваме од нападната силна шминка, и конечно ќе и дозволиме на нашата кожа да дише. Токму затоа, особено е важно да ја подготвите вашата кожа за лето, со најефикасните третмани во студиото за убавина La Sensa. Потхранувачки третмани за лице, пилинг, правилна хидратација се само дел од третманите кои ќе создадат одлична подлога на вашата кожа за прекрасен летен изглед.
Што значи за време на летната сезона силните производи, коректори, тешките пудри и козметичките производи во прав ги оставама настрана затоа што во фокусот ќе бидат лесните кремасти продукти кои и даваат природен здрав сјај на кожата.

Верувале или не, ова лето сините тонови ќе доминираат кога е во прашање вечерната шминка. Иако можеби сите очекувавте дека земјените тонови ќе бидат најпопуларни, како и секоја летна сезона, овој пат „makeup“ стручњаците советуваат дека ќе направиме исклучок. Сината сенка на очи ќе биде особено популарна.

Не плашете се да експериментирате, светките и цирконите ќе бидат еден од оние екстравагантни трендови кои ќе сакаме да ги пробаме отстапувајќи од комфорната зона. Топлата сезона е вистински период за да пробаме нешто необично. Во La Sensa ќе го добиете посакуваниот изглед, следејќи ги сите модни трендови.

Нагласените јаболкници исто така ќе бидат еден од водечките трендови за време на летниот период додека останатиот дел од лицето е сосема неутрално. Посетете го најдоброто студио за убавина La Sensa и добијте го изгледот кој отсекогаш сте го посакувале!

Прегледи:
751
Објавено на:
23.03.2020