Категории

Не мора секогаш да го имаш одговорот на сите прашања – Доволно е само да го имаш на едно!

Не мора во животот постојано да ги имаш одговорите на сите прашања, доволно е да го знаеш одговорот на својот живот.

Дали некогаш си се запрашал: Зошто живееш, за што служи твојот живот? Ако барем малку дојдеш до некој одговор, тогаш се се менува.

Чувството на слобода произлегува од тоа да не се замараш со непотребни нешта, да не се впушташ во безначајни разговори и во секој миг да можеш да кажеш „постои нешто подобро кое го заслужувам и тоа го избирам“. Дајте си време на себеси да се запознаете себе а сето останато ќе дојде на своето.

Не треба во животот да ги имаш одговорите на сите прашања, никој не успеал во тоа. Доволно е само да се препуштиш на искуствата и да учиш од нив, тоа е вистинската тајна. На тој начин полесно ќе ги пребродиш тешките и болни ситуации. Не треба да гледаш на се како на магија, едноставно не дозволувај тешките мигови да те обесхрабрат и да почнеш да мислиш дека животот е безвреден и како бесот и тагата се единственото нешто кое ти преостанува.

Не мораш да бидеш посилен од секој страв, доволно е да му се спротивставиш и веќе си го победил.
Некогаш треба да сфатиш дека најдоброто го носиш во себе, интуицијата го крие најдобриот одговор. Прифати го животот онаков каков што е без некои тешки прашања и одговори, и чекори напред, само тогаш ќе го пронајдеш вистинскиот одговор на се и ќе ти биде јасно.

Прегледи:
368
Објавено на:
12.04.2020