Престани да чекаш на нивната поддршка, таа нема да те одведе до целта..
Можеш да направиш големи нешта и без поддршката на другите луѓе, можеш да имаш успешен и среќен живот и тоа не зависи од ничија поддршка, туку само од вербата во самиот себеси. Кога ќе престанеш да бараш поддршка од другите луѓе ќе сфатиш дека упорноста после секое одбивање е она од кое зависи твојата сила.
Сите оние луѓе кои оствариле голем број достигнувања не биле опколени со аплауз и бодрење на толпа луѓе, најчесто тоа биле сами и беспомошни луѓе а единствената поддршка која ја имале била онаа која тивко шепотела во нивниот ум да не се откажат.
Никој освен ти не може подобро да ја знае вредноста на твоите раце, на твојот грб и твојата желба, никој освен ти не може да сфати што значи сето тоа . Не ти е потребно едно „браво“ за да одиш напред, не чекај. Немој да губиш време во надевање дека еден ден другите ќе сфатат колку е тоа важно за тебе и ќе те турнат напред кон освојувањето на твоите цели, ќе чекаш вечно.