Категории

Немој да се разбудиш еден ден и да сфатиш дека си се грижел за нешта кои не се важни

Еден ден кога ќе погледнеш назад ќе сфатиш колку залудно си се грижел околу нешта кои не биле важни.

Ќе сфатиш колку залудно време си потрошил на нешта кои сега немаат никаква важност. На завист, љубомора, грижи, критики, мислења.. И ништо од тоа денес не направило никаков подем во твојот живот, само останало залудно потрошено време.

Еден ден ќе се каеш што си се откажал од многу нешта, што си се предадол премногу брзо, што си чекал некои подобри времиња, што си се надевал дека некои луѓе ќе се променат.
Еден ден ќе погледнеш во минатото и ќе сфатиш колку всушност време си поминал живеејќи во него наместо да живееш во сегашноста, и тогаш ќе сфатиш дека сето тоа е завршено и веќе не можеш ништо да направиш.
Немој да го доживееш тој ден и немој да дозволиш да го почувствуваш тоа чувство на каење, почни со променат отсега, почни да ја градиш својата иднина во која нема каење и нема залудно потрошено време, сеуште имаш можност.

Прегледи:
376
Објавено на:
20.04.2020