Категории

Бог постои, а ова е судбината – Мудра приказна со силна порака

Еден човек прашал: Дали Бог постои? Ако постои, покажи кој е неговиот облик. Што е судбината,  и зошто ѓаволот кој е создаден од огнот на крајот е фрлен во пеколот кој исто така е создаден од оган? 
Ова се одговите кои ги добил..

Еден млад човек кој долго време студирал на запад, кога се вратил кај своите родители побарал да му најдат религиозен ученик или некој силен верник кој ќе може да му одговори на неговите три прашања. Родителите успеале да пронајдат еден ученик.

Човекот: Кој си ти? Дали можеш да ми одговориш на моите три прашања?
Ученикот: Јас сум еден од Божјите слуги и со Негова помош, јас ќе ти одговорам на твоите прашања.
Човекот: Дали си сигурен? Многумина професори се обидоа но не беа во можност да ми дадат одговор на моите прашања.
Ученикот: Јас ќе дадам се од себе со Божја помош..

Човекот рекол: Имам три прашања.
1. Дали Бог постои? Ако постои, покажи ми го неговиот облик.
2.Што е судбина?
3.Ако ѓаволот е создаден од огнот зошто на крајот е фрлен во пеколот кој исто така е создаден од оган? Тоа сигурно нема да му наштети, затоа што и ѓаволот и пеколот се создадени од огнот.
Дали Бог размислувал за ова?

Одеднаш, ученикот му удрил силен шамар по лицето на младиот човек. Тој почувствувал болка и му рекол на ученикот: Зошто се налути на мене?
Ученикот: Не сум лут. Шамарот е мојот одговор на твоите прашања.
Човекот: Не разбирам.
Ученикот: Како се чувствуваш откако ти удрив шамар?
Човекот: Чувствувам болка.
Ученикот: Веруваш ли дека болката постои?
Човекот: Да.
Ученикот: Покажи ми го обликот на болката.
Човекот: Не можам.
Ученикот: Тоа е мојот одговор на твоето прво прашање. Сите ние го чувствуваме присуството на Бог иако не можеме да го видиме неговиот облик. Дали синоќа сонуваше дека ќе ти удрам шамар?
Човекот: Не.
Ученикот: Дали некогаш си помислил дека од мене ќе добиеш шамар?
Човекот: Не.
Ученикот: Тоа е судбина, мојот одговор на твоето второ прашање. Од што е создадена мојата рака со која те удрив?
Човекот: Создадена е од месо.
Ученикот: А твоето лице, од што е создадено?
Човекот: Од месо.
Ученикот: Што чувствуваш откако те удрив?
Човекот: Болка.
Ученикот: Токму така. Тоа е мојот одговор на третото прашање. Иако ѓаволот и пеколот се создадени од оган, ако Бог сака пеколот ќе го направи ужасно болно место за ѓаволот.

Прегледи:
712
Објавено на:
24.04.2020