Голем дел од нештата за кои се грижите воопшто не се толкави проблеми колку што замислувате дека се.
Голем дел од нештата за кои се грижите воопшто не се толкави проблеми колку што замислувате дека се. Еден ден на нив ќе гледате како на нешто толку бесмислено за кое не вредела нити една секунда тагување и оплакување.
Престанете да измислувате нешта со кои намерно си го зацрнувате животот, престанете да се оптеретувате за секакви ситници.
Дали познавате животни приказни на луѓе, судбини на кои никој не може да остане рамнодушен и студен?
Погледнете на својот живот од друга перспектива, од подалечен временски период, па тогаш запрашајте се себеси што е всушнсот важно. Кога знаете дека вашата моментална состојба не е вашата крајна цел немате причина да бидете загрижени, пред вас се наоѓа пат кој е исполнет со бројни можности во кои верувате и кои имаат значајност во вашиот живот онолку колку што вие им овозможувате.
Кога имате лош ден прифатете дека е лош и престанете постојано да размислувате за него. Свртете се кон иднината затоа што она кое се наоѓа пред е вас е многу поважно и носи многу поубави и поскапоцени мигови. Сетете се само колку нешта кои сте ги доживеале во минатото сте сметале дека биле најлошите нешта кои ви се случиле, па еве сте денес сеуште живеете.
Не дозволувајте грижите да бидат поголеми од животот, тие се само неколку бранови, тие не се целото море.