Категории

(ФОТО) Само за најхрабрите – Кратката пикси фризура е најжешкиот тренд за оваа сезона

Кратката пикси фризура е тренд кој постојано се враќа. За сите оние кои сакаат да направат промена оваа сезона, таа е идеалниот избор.

Речиси не постои нити една селебрити дама која успеа да и одолее на кратката пикси фризура. Таа царува во Холивуд уште од почетокот на 2000-тата а стана уште поголем хит кога Ен Хатавеј мораше да ја скрати косата за снимањето на филмот “Les Miserables”.

Доколку сакате да направите драстична промена во вашиот имиџ, и да зачекорите во топлата сезона со целосно променет изглед, пикси фризурата е најдобриот избор.