Категории

Престанете да очајувате – Животот не е црно бел!

Чувствата се вистинскиот доказ за тоа, никој на светот не може да поседува само едно чувство, како што не може светот да опстои само со една боја, така ни животот не би бил потполн ако ги немало веселите и тажните мигови..

Не постојат денови во кои секогаш се е добро па можеме да уживаме во нив, нити денови кога се е трагично и треба да се откажеме од се. Во секој од нив има и убави и тешки мигови, но проблемот е во тоа што најчесто не ги забележуваме, затоа што премногу сме преокупирани со она најлошото.

Животот не е црно бел како што често си го претставуваме во нашата глава. Животот е лепеза од шаренило. Секојдневно среќаваме различни луѓе, никој од нив не е компетно злобен и добар, во секој од нас се кријат две страни. Секој миг и случувањата во него се тука со причина, било да е тоа за да не научи на нешто или да не зајакне.

Чувствата се вистинскиот доказ за тоа, никој на светот не може да поседува само едно чувство, како што не може светот да опстои само со една боја, така ни животот не би бил потполн ако ги немало веселите и тажните мигови. Сето тоа е само дел од мозаикот, иако едно парче само по себе нема цел, кога ќе се виде целосната слика се добива вистинската смисла.

Прегледи:
484
Објавено на:
02.05.2020