Категории

Поблагословен е оној кој дава, отколку оној кој прима

Мудра приказна за добрината и великодушноста која треба да ја запомните

Студент на еден универзитет отишол во прошетка со својот професор. Додека шетале и разговарале, здогледале покрај патот пар стари чевли, по се изгледало дека биле сопственост на некој сиромашен селанец кој во близина работел во полето.

Студентот му рекол на професорот: „Ајде да се нашалиме со селанецот. Ќе му ги сокриеле чевлите и потоа ќе се сокриеме позади дрвјата и ќе ја гледаме неговата реакција кога ќе тргне да ги бара.“

Професорот му рекол: „Младичу, никогаш немој да се шегуваш на сметка на туѓата неволја и беда. Бидејќи ти си богат, можеш да си дозволиш поголемо задоволство од тоа да се шегуваш со овој сиромашен селанец. Стави паричка во секоја чевла и тогаш ќе се сокриеме и ќе ја гледаме неговата реакција.“

Студентот го направил тоа и двата се сокриле позади некои грмушки во близина. Сиромашниот селанец кога ја завршил својата работа, дошол до местото каде што беше ги оставил својот капут и чевли. Додека го облекувал капутот и ја ставил ногата во едната чевла, открил дека во неа има нешто.
Прво помислил дека е камче, но набрзо сфатил дека тоа е златна паричка. Целиот зачудено погледнал во паричката, почнал да се врти наоколу и да гледа во паричката зачуден. Повторно се завртил на сите страни, но не видол никого. Ја стави паричката во својот џеб и тргнал да ја облекува својата друга чевла. Неговото изненадување било уште поголемо кога и во неа нашол паричка. Одеднаш почнале да го обземаат чувства. Паднал на колена и ги кренал рацете спрема небото и почнал гласно да се моли во знак на благодарност.
Зборувал за својата болна и беспомошна жена и своите деца кои биле без леб, благодарејќи на невидливата рака која му испратила пари и му помогнала во неговата беда. Студентот останал без зборови, со солзи во очите.

Професорот го запрашал: „Дали ќе беше посреќен од сега доколку се пошегуваше на сметка на овој селанец?“
Младичот му одговорил: „Ме научивте на лекција која нема никогаш да ја заборавам. Сега навистина ги разбирам зборовите кои не ги разбирав: „По благословен е оној кој дава, отколку оној кој прима.““

Прегледи:
513
Објавено на:
08.05.2020